(Видео) Жестоки протести против мерките во Германија, повредени 13 полицајци

пред 2 години

Според официјални податоци, 13 полицајци се повредени во ненајавените демонстрации против анти-ковид мерките во германскиот град Манхајм.

Во вечерните часови во центарот на Манхајм се собрала група од неколку стотици луѓе кои се противат на сегашните мерки, јавија германските медиуми.

Демонстрантите решиле да ги игнорираат актуелните забрани за собири и дадле отпор кога полицијата тргнала да го прекине нивниот марш.

Еден од полицајците поради повредите е префрлен во болница. Тринаесет лица се уапсени поради напад на полицијата, се вели во соопштението на полицијата во Манхајм.

Уште 131 лице се пријавени за прекршување на законот за собири.

И во другите сојузни покраини на Германија, голем број луѓе уште еднаш демонстрираа против мерките за борба против пандемијата.

Според полицијата, во покраината Мекленбург-Западна Померанија вечерта околу 17.000 луѓе во 20 градови учествувале во пријавени и нерегистрирани настани.

Граѓани протестирале и во покраината Саксонија-Анхалт. Според полицијата, само во Магдебург на нерегистрирани протести се собрале 3.000 луѓе. Во неколку градови во Саксонија повторно се одржале нелегални протести, а неколку биле спречени од полицијата.

Share
Scroll to Top