Талибанците го зазедоа главниот град Кабул, а портпаролот на Талибанците истакна дека „војната е завршена“. Преземањето на власта предизвика паника кај странците, кои тргнаа да организираат евакуација на граѓаните, но и меѓу локалното население.
На социјалните мрежи се појавија видеа од локални жители кои очајно се обидуваат да се качат на некои од авионите за да избегаат од земјата.
Three Kabul residents who were trying to leave the country by hiding next to the tire or wing of an American plane, fell on the rooftop of local people. They lost their lives due to the terrible conditions in Kabul. pic.twitter.com/Cj7xXE4vbx
— Tariq Majidi (@TariqMajidi) August 16, 2021
Некои дури и се обидоа да го сторат тоа држејќи се за крилјата и моторите на авионот, пренесуваат светските агенции.
Меѓутоа, на интернет се појави видео на кое се гледа како едно лице паѓа од голема височина среде авионски лет.
Според светските агенции има информации дека има починати на аеродромот во Кабул, и дека американските сили отвориле оган во еден момент.