Евакуацијата од аеродромот во Кабул е во застој, бидејќи луѓето кои се обидуваат да го напуштат Авганистан се во очај и ја блокираат пистата на аеродромот, објави денеска претставник на германското Министерство за надворешни работи.
„Во моментов нема воздушен сообраќај, бидејќи голем број очајни луѓе се на пистата“, изјави германскиот претставник на прес -конференција во Берлин, а пренесува „Ројтерс“.
Четириесет вработени во германската амбасада во Кабул беа евакуирани синоќа во Доха, соопшти тој, додавајќи дека десетина германски претставници ќе останат на аеродромот во Кабул за да ја координираат евакуацијата.
На аеродромот во Кабул, многу Авганистанци се обиделе да се качат во американските авиони.
US troops ?? at Kabul Airport.
— FJ (@Natsecjeff) August 16, 2021
Бројни снимки покажуваат и луѓе кои се обидуваат да избегаат со тоа што се качуваат на надворешната страна од авионот. Се верува дека некои од нив паднале и загинале.
AH64s combat helicopters opening the way to allow USAF C-17’s take off in the middle of over crowded runway ??
Kabul Airport Chaos pic.twitter.com/6Jlm8Z5IQT— Harry Boone (@towersight) August 16, 2021
Според претходините извештаи, на аеродромот настанал општ хаос, американските војници биле принудени да пукаат со предупредувачки истрели, а имало и стампедо.
Медиумите објавија дека има и мртви, но не е јасно како загинале.