(Видео) Застрашувачки снимки од Индија, пациенти оставени да умрат а лекарите го сокриле видеото

пред 4 години

Во Индија се појавија застрашувачки снимки од пациенти заразени со коронавирус кои, според тврдењата на нивните семејства, лекарите ги оставиле да умрат без кислород, заклучени во болиничките оделенија.

Трагичната сцена се случила во болницата „Крити“, приватна клиника во близина на Њу Делхи минатата недела откако на семејствата на пациентите им било соопштено дека во болницата недостасува кислород, пишува „Блиц“.

Роднините, кои плаќаа повеќе од илјада долари на ден за кревет, рекоа дека дошле во болницата, но ги нашле пациентите напуштени, а одделот за интензивна нега заклучен. Кога конечно се отвори вратата, се утврди дека пациентите починале, изјавиле тие.

Полицијата морала да реагира кога роднините на жртвите го пронајдоа медицинскиот персонал кој се крие во мензата и се заканиле дека ќе ги нападнат, пишуваат светските агенции.

Бидејќи видеото за трагедијата стана вирално оваа недела, полицијата соопшти дека институцијата не е овластена за лекување на пациенти со Ковид-19 и дека истрагата е во тек.

Инаку болницата има 50 кревети за пациенти со коронавирус, а според лекарите, оние кои починале биле на возраст меѓу 40 и 80 години.

Менаџментот на болницата потврди дека лекарите и персоналот привремено се „кријат“, јавуваат агенциите.

“Плашејќи се од загубата на нивните животи, тие се сокрија во мензата, за да не ги нападнат нивните семејства. Сепак, лекарите и персоналот се вратија на работа набргу по пристигнувањето на полицијата”, изјави портпаролот на болницата.

Директорот на болницата изјави дека членовите на семејството биле предупредени да ги „пренесат своите пациенти“ поради кислородната криза.

„И покрај бројните барања, никој не дојде пред да починат пациентите“, рече тој.

Инаку и викендов имаше рекорден број на смртни случаи во Индија, пишуваат медиумите а трет ден по ред бројот на новозаболени е поголем од 400.000. Медицинските експерти велат дека вистинските податоци можат да бидат пет до десет пати повисоки од официјалните бројки.

Share
Scroll to Top