(Видео) Затворени најпознатите плажи во Сиднеј – бела ајкула усмрти пливач

пред 3 години

Неколку плажи во Сиднеј, меѓу кои и најпознатите плажи Бонди и Бронте, денеска беа затворени откако еден пливач загина во напад на ајкула.

Водени замки за ајкули се поставени во близина на местото на нападот, додека беспилотни летала се распоредени како дел од потрагата по ајкули во областа.

На видеото објавено на Интернет се гледа како ајкула напаѓа едно лице на плажата Литл Беј, на околу 20 километри јужно од најголемиот град во Австралија и во близина на влезот во заливот Ботани.

Полицијата, сепак, се уште не го открива идентитетот на капачот.

„ Ова беше целосен шок за нашата заедница“, рече Дилан Паркер, градоначалник на округот Рендвик, чиј дел е Литл Беј.

Портпаролот на Одделот за примарна индустрија во Нов Јужен Велс изјави дека неговите биолози веруваат дека белата ајкула одговорна за нападот, била долга најмалку три метри и дека ова е прв фатален напад на ајкула во Сиднеј од 1963 година.

Share
Scroll to Top