(Видео) Зеленски во Шведска: Само заедно можеме да го запреме лудилото од Москва

(Видео) Зеленски: Дури и Белорусија го направи она што Западот не се осмелува, тоа е понижувачко

пред 4 месеци

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги критикуваше западните земји.

Зборувајќи на прес-конференција во Киев, Зеленски рече дека Западот „премногу се плаши“ да размислува за можноста за соборување руски ракети и беспилотни летала насочени кон Украина, и покрај тоа што му помага на Израел да го стори тоа.

„Ако тие заеднички соборуваат проектили и беспилотни летала на Блискиот Исток, зошто сè уште нема слична одлука за заедничко соборување руски ракети и Шахед (ирански беспилотни летала) на небото на Украина“, праша тој.

Зеленски го критикуваше Западот, посочувајќи дека досега само Белорусија успеала да ги собори руските беспилотни летала Шахед кои биле насочени кон Украина.

„Само Белорусија се истакна со соборувањето руски беспилотни летала. Мислам дека тоа е едноставно понижувачко за силниот демократски свет“, рече тој.

Да потсетиме дека во април САД, Велика Британија и Франција помогнаа во соборувањето на иранските проектили истрелани кон Израел. Иран рече дека неговите акции биле одмазда за нападот врз неговиот конзулат во Сирија.

Се плашат дури и да кажат „работиме на тоа“, рече украинскиот лидер.

Неговите коментари доаѓаат во моментот кога рускиот лидер Владимир Путин го предупредува Западот дека ако на Украина и се дозволи да користи западно оружје на руска територија, тоа би значело дека земјите од НАТО „директно учествуваат“ во конфликтот.

Зеленски, исто така, ја повтори својата критика кон западните земји, кои сè уште јавно не и дозволија на Украина да нападне длабоко во Русија со западни ракети со долг дострел, што Киев го бара со месеци.

„Секој кој на мапата гледа каде Русија ги изведува своите напади, каде ги тренира своите сили, ги чува своите резерви, ги лоцира своите воени капацитети и каква логистика користи, јасно разбира зошто на Украина и се потребни ракети со долг дострел“, рече тој.

Текстот (Видео) Зеленски: Дури и Белорусија го направи она што Западот не се осмелува, тоа е понижувачко е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top