(Видео) Зеленски по последниот руски напад: „Нормалните луѓе не се борат вака“

(Видео) Зеленски по последниот руски напад: „Нормалните луѓе не се борат вака“

пред 8 часа

Две лица се убиени во руски напад врз електрана во Украина, објави претседателот Володимир Зеленски во своето вечерно видео обраќање во четврток.

Термоцентралата во Славјанск, најголемиот град во регионот Донецк, кој сè уште е под контрола на Киев, беше погодена. Нападот се случи по една од најтешките ноќи од војната во Украина, со бројни напади врз енергетски објекти.

„Само пред неколку часа имаше напад врз термоцентралата Славјанск – напад со руски бомби. За жал, две лица загинаа. Мое сочувство. Има повредени. Ова е чист терор. Нормалните луѓе не се борат вака и светот мора соодветно да одговори на таквото руско војување“, рече Зеленски.

Како пример за реакцијата, тој ги наведе неодамнешните санкции воведени врз руските нафтени компании, велејќи дека тие покажале јасен ефект. „Извозот на нафта е основа на руската ароганција и ако санкциите останат или се заострат, Русија ќе претрпи значителни загуби“, убеден е украинскиот лидер.

Тој проценува дека Москва би можела да изгуби околу 50 милијарди долари следната година. „Построгите санкции би биле силна мерка за да се принуди Русија да ја запре војната“, истакна тој.

Тој, исто така, потврди дека Украина постигнала договори со Норвешка за енергија. „Ова вклучува поддршка за нашите купувања на гас. Имаме договори со Германија, Италија и Холандија и работиме со нив на опрема за производство на електрична енергија“, објасни тој.

фото: принтскрин

Текстот (Видео) Зеленски по последниот руски напад: „Нормалните луѓе не се борат вака“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top