(Видео) Индиските работници по повеќе од 17 дена извлечени од урнатиот тунел

(Видео) Индиските работници по повеќе од 17 дена извлечени од урнатиот тунел

пред 1 година

Индиските спасувачки служби ги ослободија сите работници заробени во урнат тунел на Хималаите по повеќе од 17 дена, неколку часа откако пробиле премин низ карпи, бетон и земја.

Евакуацијата на работниците од најсиромашните држави во Индија започна по повеќе од шест часа откако спасувачите се пробија низ урнатините на тунелот во државата Утараханд кој се урна на 12 ноември.

Тие беа извлечени на носилки на тркала низ челична цевка широка 90 сантиметри во операција која траеше околу еден час. Службите за итни случаи пристигнале порано на излезот од тунелот за веднаш да ги однесат работниците во болница оддалечена околу 30 километри.

Текстот (Видео) Индиските работници по повеќе од 17 дена извлечени од урнатиот тунел е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top