(Видео) Инцидент во Приштина: Пратеник нападна минувач кој му дофрли „Сите лажете“ додека даваше интервју

(Видео) Инцидент во Приштина: Пратеник нападна минувач кој му дофрли „Сите лажете“ додека даваше интервју

пред 2 месеци

Пратеникот на Демократскиот сојуз на Косово (ДСК), Арменд Земај, физички нападнал случаен минувач на плоштадот во Приштина додека давал изјава за медиумите, јавија косовските медиуми.

Инцидентот се случил кога минувач му довикнал „лажго“ и „сите лажете“, по што дошло до вербална расправија што прераснала во физички судир. Косовската полиција го потврди случајот, а снимката од тепачката предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

Демократскиот сојуз на Косово го осуди нападот, нарекувајќи го „сериозно нарушување на институционалното достоинство“.

Подоцна, Земај се извини на својот профил на „Фејсбук“, велејќи дека реагирал во „емоционална состојба“ и дека неговиот чин не ги претставува вредностите што ги застапува. „Насилството, без разлика на провокацијата, никогаш не е вистинскиот одговор“, напиша пратеникот.

Текстот (Видео) Инцидент во Приштина: Пратеник нападна минувач кој му дофрли „Сите лажете“ додека даваше интервју е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top