(Видео) Историска пресуда во САД: мајка прогласена за виновна – не го спречила синот да убие четворица ученици

(Видео) Историска пресуда во САД: мајка прогласена за виновна – не го спречила синот да убие четворица ученици

пред 5 месеци

Поротата прогласи мајка од Мичиген за виновна за ненамерно убиство бидејќи не го спречила својот син да изврши смртоносно пукање во училиште.

Џенифер Крамбли (45) е првиот родител во САД кој е осуден за убиство од небрежност за масовно пукање кое го извршило нејзиното дете.

Обвинителите ја обвинија дека небрежно му дозволила на нејзиниот син да го има пиштолот и дека ги игнорирала знаците за предупредување.

Нејзиниот сопруг Џејмс се соочува со посебно судење за истите обвиненија.

Нивниот син, кој сега има 17 години, отслужува доживотен затвор за убиство на четворица соученици во средното училиште Оксфорд во Мичиген на 30 ноември 2021 година.

Судијата им кажа на поротниците дека ова е веројатно „најтешката работа што некогаш ја направиле“.

Крамбли изгледаше без емоции и гледаше во подот додека пресудата се читаше во судот во Оукленд во вторникот, објави Би-би-си.

Текстот (Видео) Историска пресуда во САД: мајка прогласена за виновна – не го спречила синот да убие четворица ученици е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top