(Видео) Истрага за насилните протести во Русија, поддршка од Германија

пред 3 години

Истражителите отворија кривична постапка по извршени незаконски активности на недозволениот собир во центарот на Москва.

Покренати се постапки и поради употреба на насилство над извршителите на законот, рекла Јулија Иванова, портпаролка на московското одделение на рускиот истражен комитет.

„ На основа на резултатите од предистражната постапка, кои ги спроведоа истражните органи од Московското главно истражно одделение на Истражниот комитет, отворени се кривични предмети по основ на кривични дела од членот 318 од Кривичниот закон на Русија ( употреба на насилство над јавни претставници), членот 167 од Рускиот кривичен закон ( намерно уништување или оштетување на имот) и член 213 од Рускиот кривичен закон ( хулиганизам) “ рекла Иванова за агенцијата ТАСС.

Повеќе од 3.500 лица беа уапсени синоќа за време на протестите низ Русија, за поддршка на уапсениот опозициски лидер Алексеј Навални, што не беше одобрено од властите, објави претходно Ројтерс.

Само во центарот на Москва, повеќе од 40.000 луѓе се собраа да го поддржат Навални.

„ Околу 300 малолетници беа приведени на нелегални митинзи низ Русија“ , изјави комесарот на рускиот претседател за детски права, Ана Кузнецова.

САД најостро ја осудуваат употребата на груба тактика против демонстрантите и новинарите викендов во градовите низ Русија, објави синоќа Стејт департментот.

„ Продолжените напори за сузбивање на правото на Русите на мирно собирање и слобода на изразување, апсењето на опозицискиот лидер Алексеј Навални и протестите што следуваа, укажуваат на понатамошно ограничување на граѓанското општество и основните слободи“, се вели во соопштението.

Стејт департментот потсетува дека правата на Русите на мирно собирање и учество на слободни и фер избори се зацврстени не само во уставот на земјата, туку и, како што е наведено во заложбите на Русија на ОБСЕ, Универзалната декларација за човекови права и нејзините меѓународни обврски согласно Меѓународната Пакт за граѓански права и политичко право.

Со ова Соединетите држави ги повикаа руските власти да ги ослободат сите приведени за кршење на нивните универзални права, како и за итно и безусловно ослободување на Навални.

Стејт департментот исто така ја повика Русија целосно да соработува со истрагата на меѓународната заедница за наводното труење на Алексеј Навални и „веродостојно да објасни употреба на хемиско оружје на нејзино тло“.

Протести синоќа имаше и во Берлин. Луѓето се собраа пред зградата на канцеларката Ангела Меркел во Берлин, во знак на протест против апсењето на рускиот опозициски лидер кој беше уапсен на аеродромот во Моква по напуштањето на Германија.

Тој беше осуден на 30 дена затвор откако се опорави во болница во Берлин од наводно труење.

Share
Scroll to Top