(Видео) Италијанската полиција употреби водени топови, солзавец и шок-бомби потив демонстрантите во Рим

пред 3 години

За време на протестот на екстремната десница во Рим, против мерките воведени за спречување на ширењето на епидемијата од новиот вид коронавирус, дојде до судир меѓу демонстрантите и припадниците на безбедносните сили, пренесува РТ.

Десничарските екстремисти повторно се собраа во знак на протест против рестриктивните мерки за сузбивање на епидемијата на плоштадот „Попол“, негодувајќи поради полицискиот час што беше воведен од саботата кон неделата.

Преземајќи опсежни безбедносни мерки на и околу плоштадот, безбедносните сили ги контролираа патиштата што водат до Кабинетот на премиерот.

Безбедносните сили интервенираа со водени топови и солзавец врз групата која извикуваше „Слобода, слобода“ и ја скандираше италијанската химна палејќи факли.

Меѓу демонстрантите и безбедносните сили дојде до судири. Демонстрантите фрлаа со камења и шишиња кон безбедносните сили, а палеа и контејнери за отпадоци. Италијанските медиуми наведуваат дека се приведени 16 лица.

Во меѓувреме, за време на протестот на плоштадот „Пополо“, премиерот Џузепе Конте, кој најави нов пакет помош за сопствениците на ресторани кои ќе бидат погодени од најновите мерки, исто така, рече дека се свесни за болката, но дека не го одобрува насилството за време на демонстрациите.

Протестите што започнаа во Италија минатиот викенд како одговор на полицискиот час воведен најпрво во Неапол, а потоа и во Рим, се проширија низ целата земја поради најавата за нови рестриктивни мерки од страна на премиерот Конте во неделата. Насилни инциденти имаше и во Милано, Торино и Трст.

Според истражувањето на јавното мислење на компанијата за истражувања СВГ (SWG), 28 отсто од испитаниците сметаат дека преземените мерки се соодветни на сегашната состојба, 36 отсто ги сметаат за недоволни, додека 25 отсто за прекумерни.

Share
Scroll to Top