(Видео) Италијанската полиција успеа да фати баран мафијаш благодарение на емисии за готвење

пред 4 години

Италијанската полиција успеа да го пронајде бараниот член на мафијашката организација „Ндрангета“, а во тоа им помогнаа и емисиите за готвење.

Потрагата по дилер на дрога трае од 2014 година, објави во понеделникот италијанската полиција. Бараниот обвинет избегал во Доминиканската Република, каде што бил познат само како Марк.

Истражителите го барале долго и без успех, бидејќи тој вешто се криел во секојдневниот живот. Но, тој направил фатална грешка кога тој и неговата сопруга направиле Јутјуб канал на кој готвеле италијански специјалитети.

Иако тој никогаш не го покажа лицето, полицијата го препозна по неговите видливи тетоважи.

„ Нашата љубов кон италијанската кујна ни овозможи да ги следиме трагите оставени на Интернет и социјалните мрежи“, се вели во соопштението на италијанската полиција.

Полицијата во Доминиканската Република го уапси бегалецот минатата среда во операција предводена од Интерпол, а во понеделникот тој повторно пристигна на италијанско тло, при што слета на аеродромот во Милано.

Share
Scroll to Top