(Видео) Итно евакуирана зградата на американскиот Конгрес

пред 3 години

Наредена е евакуација на вработените во зградата на американскиот Конгрес. Полицијата истражува „закана за активна бомба“.

Полицијата на Твитер објави дека добила пријава за сомнително возило пред Библиотеката на Конгресот и ги предупреди луѓето да се држат подалеку од оваа област, пренесува „Си-ен-би-си“.

Според неименувани извори од полицијата, примен е извештај за експлозивна направа во камион, во близина на библиотеката, додава Си-Ен-Ен. Полицијата испрати преговарачи да преговараат со заканувачот, кој се наоѓа во камионот, наведе еден од изворите.

„ Во тек е истрага. Ние внимателно ја следиме ситуацијата и ќе ги ажурираме информациите кога ќе ги добиеме оние што можеме да ги објавиме”, објави полицијата на Капитол Хил на Твитер.

Share
Scroll to Top