Еден од најголемите кинески претприемачи, милијардерот Џек Ма, објави видео на интернет, со кое заврши неговото речиси тримесечно „исчезнување“ од јавноста, што доведе до шпекулации за неговиот статус и деловната империја.
На видеото, кое трае 50 секунди, Ма им честиташе на наставниците поддржани од неговата хуманитарна фондација, но не го коментираше своето исчезнување од јавниот живот и фактот дека неговата група Алибаба и групата Ент се под надзор на инспекцијата.
Видеото се појави на кинеските бизнис-вести и на други сајтови, објави АП.
Jack Ma Yun, the English teacher turned entrepreneur and former executive chairman of #Alibaba, showed up at a rural teacher-themed social welfare event via video link on Wed, his first public appearance since Alibaba came under tougher regulatory scrutiny.https://t.co/VXywPHEeyv pic.twitter.com/DKCXhASIhu
— Global Times (@globaltimesnews) January 20, 2021
Некои странски медиуми, како британски „Глобал тајмс“, го објавија видеото на своите социјални мрежи
Ма последен пат беше виден на 24 октомври, кога ја критикуваше финансиската инспекција на самитот во Шангај.