(Видео) Конечно во јавност се појави сопругата на Ким Џонг Ун

пред 4 години

Ри Сол Џу, сопругата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, се појави во јавноста за првпат по една година, објавија државните медиуми.

Синоќа таа беше во друштво на сопругот на концертот по повод роденденот на неговиот татко и поранешен лидер Ким Џон Ил, кој почина во 2009 година.

Ри секогаш го придружуваше сопругот на важни настани, но последен пат беше видена во јануари минатата година во јавноста. Нејзиното непојавување во јавноста предизвика шпекулации за нејзиното здравје или потенцијална бременост, пишува Би-Би-Си.

Јужнокорејската новинска агенција наведува дека таа избегнувала да се појавува поради коронавирусот и со цел да помине повеќе време со децата, за кои се верува дека имаат три години.

Во Северна Кореја официјално не се пријавени случаи на Ковид-19.

Share
Scroll to Top