(Видео) Кубанец запрен на аеродромот во Мајами; во неговата долна облека пронајдени 10 живи птици

(Видео) Кубанец запрен на аеродромот во Мајами; во неговата долна облека пронајдени 10 живи птици

пред 2 часа

Царинските службеници на аеродромот во Мајами пронајдоа десет живи птици скриени во долната облека на маж кој пристигнувал од Хавана.

Алберто Ернандез Кастиљо (40), родум од Куба и лице со статус на постојан престој во САД, беше уапсен откако американските царински службеници забележаа необично испакнување под неговата облека, се наведува во федералната кривична пријава.

Тврдеше дека нема животни; службеникот забележа испакнување
Ернандез Кастиљо пристигнал во Мајами од Хавана на 4 октомври. По слетувањето, тој бил избран за дополнителна проверка.

Во својата царинска декларација, тој навел дека не носи никакви животни или диви видови. Изјавил дека го посетил семејството во Куба и дека носи само рачен багаж и мала торбичка околу половината.

Сепак, за време на испрашувањето, службениците забележале испакнување околу неговата половина и карличниот предел и констатирале дека тој изгледа нервозно. Го одвеле во посебна просторија за подетална проверка.

Шест пластични цевки вшиени во долната облека
Во џебовите вшиени во неговата долна облека, тие пронашле шест проѕирни пластични цевки обвиткани со селотејп. Некои од отворите биле покриени со мрежа.

Внатре имало десет живи птици.

Според весникот „Мајами хералд“, американските власти наведуваат дека Ернандез Кастиљо немал документација потребна за легално внесување на птиците во САД. Увозот и извозот на диви животни во САД подлежат на прописи спроведувани од Службата за риби и диви животни на САД, а за заштитените птици-преселници се потребни посебни дозволи.

Тврдеше дека птиците се за „лична употреба“
Кога службениците го прашале за птиците, Ернандез Кастиљо изјавил дека тие се наменети за негова „лична употреба“, а потоа го искористил своето право да молчи, се наведува во пријавата.

Тој е обвинет за шверц на стока во Соединетите Држави. Пуштен е на слобода со кауција од 25.000 долари, а новото појавување пред федералниот суд во Мајами е закажано за 26 октомври.

Текстот (Видео) Кубанец запрен на аеродромот во Мајами; во неговата долна облека пронајдени 10 живи птици е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top