Нема да дозволам ситуацијата со Босна да се повтори во Косово. Ова за „Би-Би-Си“ го изјави косовскиот премиер Албин Курти.
„Тие (Србите) сакаат да ја повторат Босна во Косово. Тоа јас нема да го дозволам. Затоа луѓето гласаа за мене. Убеден сум дека нашата програма ќе им помогне на косовските Срби исто како и на Албанците. Србите, исто така, сакаат работа и правда“, изјави Курти за „Би-Би-Си“.
Kosovo’s PM @albinkurti for BBC: They [Serbia’s regime] want to repeat Bosnia in Kosovo. I am not going to allow this. And that’s why people voted for me. I am confident that with our program we are going to help Kosovo Serbs as much as Albanians. Serbs also want jobs & justice. pic.twitter.com/B2YsBLZu5i
— Admirim (@admirim) November 2, 2021