Лавина затрупа меѓу четири и 12 лица во одморалиште во рускиот регион Домбај, во Карачај-Черкесија, на Кавказ.
Лавината се сруши на скијачката патека и затрупа две приколки на местото за изнајмување ски-опрема, а оштетено е и кафуле, пренесува ТАСС.
Первые кадры из КЧР, где лавина сошла на курорте в посёлке Домбай. Люди пытаются найти выживших. pic.twitter.com/0xUJEoDwKe
— Iurie Iurie (@IuriiIurie) January 18, 2021
На местото на несреќата се наоѓаат спасувачки екипи кои се обидуваат да ги најдат затрупаните лица. Од руското Министерство за вонредни состојби рекоа дека спасувачкиот тим се состои од 50 лица, но дека ќе бидат ангажирани уште 172 лица за да ги бараат затрупаните.
Одделот на Министерството за вонредни состојби во Карачај-Черкесија издаде итно предупредување за опасност од лавини на планините над 2.000 метри.