(Видео) Лавчето по кое се трагаше во Будва, пронајдено во куќа во изградба

пред 2 години

Лавчето Симба на 21 јануари избегало од дом на странски државјанин кој живеел во Будва и дури денеска е пронајдено и сместено на безбедно.

Симба бил пронајден во куќа во селото кај Крапина, на тешко пристапен терен.

Во потрагата што започна вчера учествувале околу 60 припадници на полицијата, пожарникари, граѓански активисти ….

Полицаецот Божо Зец изјави дека го забележал младенчето во куќа во изградба на Жарко Даниловиќ во селото Подострог. Потоа ги повикал претставниците на Агенцијата и на службата за заштита и спасување од Будва, кои го фатиле Симба.

Пожарникарот Миленко Милачиќ кој е шеф на смена вели дека откако мештаните им кажале за лавот веднаш тргнале во акција.

Тој објасни дека лавот се сокрил во мала соба, каде што го совладале со помош на јаже и стар стол и го ставиле во вреќа.

„Лавчето е фатено и што е најважно живо! Сакаме да им се заблагодариме и да ги пофалиме пожарникарите од Будва кои беа на терен со нас и го фатија лавот, како и на другите кои помогнаа и учествуваа во акцијата завршена на најдобар можен начин“, соопштија претходно денеска од Агенцијата за заштита на животната средина на Црна Гора.

Црна Гора нема зоолошка градина или засолништа за егзотични диви животни, па како една од можностите за негова грижа се споменуваат засолништата за лавови во земјите од регионот.

„Лавот е фатен крајно исцрпен, слаб и ќе биде пренесен во зградата на Службата за заштита и спасување, а потоа во сместување во Подгорица, кое е обезбедено. Ова е прекрасна вест дека се заврши добро и за лавот и за луѓето кои беа вклучени во потрагата“, изјави Александар Драгиќевиќ од Агенцијата за заштита на животната средина.

Share
Scroll to Top