(Видео) Лански говор на руски радикал: Русија повторно станува голема, на 22.02.2022 ќе го почувствувате тоа

пред 3 години

На социјалните мрежи се шири снимка од говор на ултра-националистичкиот руски политичар и претседател на Демократската партија, Владимир Волфович Жириновски.

Тој го одржал говорот на 27 декември минатата година во Думата.

„Во 4 часот наутро на 22 февруари ќе ја почувствувате нашата нова политика. Би сакал 2022 да биде мирна година. Но, исто така, ја сакам вистината. Ја кажувам вистината 70 години. Нема да биде мирно. 2022 ќе биде година кога Русија повторно ќе стане голема“, вели тој.

Share
Scroll to Top