(Видео) Лекарите потврдуваат дека Трамп има тешкотии со дишењето, снимката е доказ

пред 4 години

Трамп минатиот петок доби позитивен тест за коронавирус, завршувајќи во позната болница во Вашингтон  каде што престојуваше три дена. Таму доби три различни терапии (експериментален коктел со антитела, ремдесивир и дексаметазон) и по три дена се врати во Белата куќа. Откако со хеликоптер беше пренесен до тревникот на Белата куќа, Трамп се искачи по скалите, ја симна маската и позираше пред фоторепортерите. На снимката може да види дека Трамп има тешкотии со дишењето, а има и такви кои тврдат дека американскиот претседател видливо страда од болка. Тој веќе припаѓа на група со висок ризик (има 74 години и е претилен), а отежнато дишење е еден од симптомите на корона. Дишењето на Трамп по враќањето од болницата го коментираа и лекари и професори по медицина. „Претседателот одеше како да страда од отежнато дишење. Направи околу 60 чекори (застана двапати) и искачи околу 30 скалила. Која беше неговата сатурација со кислород пред да замине од болницата Валтер Рид? Неговата „енергија“ не е реална, веројатно е несакан ефект на стероиди. Има многу други проблеми“, напиша д-р Талмаџ Кинг Jуниор, декан на USCF, еден од најпрестижните универзитети во Америка во областа на медицината. Кинг е, патем, еден од водечките светски експерти за болести на белите дробови. Неговата проценка беше поддржана од неговиот колега од факултет, проф. д-р Боб Вахтер. „Ако некогаш имало сомневање за состојбата на белите дробови, оваа слика зборува повеќе од 1000 зборови. Вака изгледаат пациентите кога значителен дел од нивните бели дробови не можат да разменуваат кислород и јаглерод диоксид. Навистина застрашувачко чувство “, рече Вахтер.

Share
Scroll to Top