(Видео) Луѓето во Нови Сад плачат на улица поради смртта на Балашевиќ

пред 4 години

Луѓето низ целиот регион жалат за смртта на легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, а неговото заминување особено ги погоди граѓаните на Нови Сад, градот во кој е роден Балашевиќ.

Како што соопшти Нова.рс, по објавувањето на веста за смртта на Балашевиќ, луѓето плачеле со неверување по улиците на градот.

„Значи, тоа е вистина. Се надевав дека се лажни вести и излегов да проверам со моите колеги. Како да починал некој мој, не знам како да опишам …”, вели расплакана работничка од бутук од Нови Сад.

Медиумите пренесуваат дека повеќето кафулиња во градот спонтано почнале да ги пуштаат песните на Балашевиќ.

„Не можам да кажам дека бев обожавател, но луѓе, ова некако многу ме погоди … Сепак, тоа е Џоле“, рече еден келнер.

Граѓаните на Нови Сад спонтано се упатија кон центарот на градот, каде што е куќата на Балашевиќ, со цел да запалат свеќи и да му оддадат почит на својот сограѓанин, човек кој беше симбол на Нови Сад, пренесува Нова.рс.

Share
Scroll to Top