Маж на летот на „Саутвест ерлајнс“ ја отворил вратата за итни случаи и се качил на крилото на авионот во неделата додека леталото било на аеродромот „Луис Армстронг“ во Њу Орлеанс.
Според полицијата, 38-годишниот маж ја отворил вратата за итен излез за да стигне до крилото на авионот. Авионот во тој момент не се движел, а персоналот успеал да го запре патникот и да го задржи додека не пристигнат властите.
Зед Вебстер, кој тој ден бил во авионот, за Си-ен-ен изјавил дека му се чинело оти двајца патници се расправале и дека се плашел дека ќе дојде до физичка пресметка. Потоа го извадил мобилниот телефон и почнал да го снима инцидентот. Веднаш штом почнал да снима, патникот ја отворил вратата за итни случаи и скокнал надвор.
„Бев преплашен“, рече Вебстер.
Полицијата соопшти дека 38-годишникот постапил прилично несовесно. Тој бил однесен во болница на ментална евалуација бидејќи полицајците претпоставувале дека станува збор за ментален здравствен проблем.
„Нема индикации дека мажот оставил нешто во авионот ниту, пак, е пронајдено оружје кај него“, соопштија од полицијата и додаваат дека истрагата за инцидентот е во тек.
Текстот (Видео) Маж на аеродром во САД го отворил излезот за итни случаи во авионот и се качил на крилото е превземен од МАКФАКС.






