Помал авион синоќа падна врз куќа во Хатисбург, Мисисипи, при што загинаа четири лица, соопшти полицијата.
„Можеме да потврдиме дека имаме вкупно четири смртни случаи“, изјави портпаролот на полицијата за „Си-ен-ен“.
Мал цивилен авион ја погоди семејната куќа околу 23:20 часот, соопшти полицијата, додавајќи дека сè уште не се познати причините поради кои авионот паднал.