(Видео) Мајка чиј син го преживеал масакрот во Грац: Ми се јави, мислеше дека ќе умре

(Видео) Мајка чиј син го преживеал масакрот во Грац: Ми се јави, мислеше дека ќе умре

пред 11 месеци

Мајката на еден од учениците кои го преживеаа масакрот во средното училиште во Грац, за „Скај њуз“ го раскажа тажниот момент кога нејзиниот син ѝ кажал дека е во средината на пукањето.

„Ми се јави од училиште и ми рече дека пукаат. Мислеше дека ќе умре. Два часа подоцна конечно дознав дека е жив“, рече таа.

Според австриските медиуми, вооружениот напаѓач е 21-годишен поранешен ученик во училиштето. Тој отворил оган во две училници, а потоа се заклучил во училишниот тоалет, каде што властите велат дека бил пронајден мртов.

Најмалку 12 лица се повредени во нападот, од кои неколку се борат за живот.

Текстот (Видео) Мајка чиј син го преживеал масакрот во Грац: Ми се јави, мислеше дека ќе умре е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top