Претставници на Клиниката за трауматологија на КБЦ „Сестрите на милосрдието“ во Загреб соопштија дека човекот што се самозапали пред хрватската влада е во животна опасност.
„И покрај брзата реакција на итните служби и покрај навремено спроведените итни мерки на интензивно лекување, животот на пациентот е во опасност поради природата и обемот на повредите. Го следиме неговиот развој, сместен е во делот за интензивно лекување на одделот за изгореници“, рече д-р Видовиќ.
$bp(“Brid_18101285”, {“id”:”26456″,”width”:”762″,”height”:”429″,”video”:”1675425″,”autoplay”:0,”shared”:true});
„Тој има изгореници од четврти степен на речиси целото тело. Дури има и ендо-изгореници“, додаде Видовиќ.
„Прогнозата е лоша, но да му дадеме шанса на човекот да преживее. Ќе направиме сè што е можно денеска да го спасиме човекот“, рече д-р Видовиќ.
Станува збор за маж на 67 години.
„Често наидуваме на изгореници, но вакво нешто немаме со години“, изјави Видовиќ и ја пофали брзата реакција на итната помош.
Мажот моментно е без свест, интубиран и го згрижуваат тројца лекари.
„Тоа е во многу сериозна ситуација“, рече Давор Вагиќ, директор на КБЦ „Сестрите на милосрдието“.
„Им благодарам на колегите што беа тука и му помогнаа на одделот за изгореници“, изјави Вагиќ.
„Апсолутно беше направено сè за да му се помогне што е можно побргу“, рече тој.
Текстот (Видео) Медицинските лица ги објавија деталите за човекот што се самозапали во Загреб: „Вакво нешто не сме имале со години“ е превземен од МАКФАКС.