(Видео) Министерка даваше изјава во живо, кога во собата влезе нејзиниот син и целиот интернет сега се смее

пред 3 години

Министерката за Нов Зеланд, Кармел Сепулони е уште една јавна личност која имаше неочекувана ситуација, додека имаше телевизиско интервју во живо преку видео повик, кога нејзиниот син влезе во просторијата возбудено мавтајќи со деформиран морков.

Сепулони, министерка за социјален развој на Нов Зеланд, имаше интервју во живо за „Радио Самоу“ кога нејзиниот насмеан син влета во собата држејќи морков со необична форма, пренесува „Гардијан“.

„ Во моментот кога давате интервју во живо преку Зум и вашиот син влегува во собата викајќи и држејќи деформиран морков во форма на дел од машко тело“, напиша Сепулони на Твитер.

„Да, речиси се боревме околу морковот пред камерата, и да, сега се смеам на тоа, но тогаш не!“, додаде таа.

Нов Зеланд се уште е во карантин од четврти степен, каде што сите, освен работниците вработени во виталните области, остануваат дома, додека училиштата низ целата земја се затворени.

Share
Scroll to Top