(Видео) Морски лавови бркаа туристи на плажа во Калифорнија

пред 2 години

На плажа во заливот Ла Џола во Калифорнија во Сан Диего е снимено видео на кое се гледаат морски лавови како бркаат луѓе од плажата.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Видеото првично беше објавено на ТикТок и предизвика смешни коментари, но и загриженост бидејќи покажува колку луѓето се приближуваат до овие големи животни и ги вознемируваат.

„ Морските лавови спиеја на плажа. Јас ги гледав, а потоа една жена им пријде на помалку од метар и половина и се обидуваше да направи фотографија одблиску. Морскиот лав потоа се разбуди и почна да брка луѓе” рекла жена која го снимила видеото.

На видеото може да се видат два морски лава како нервозно се движат на плажата додека луѓето бегаат од нив, пред да се повлечат назад во морето и да се оддалечат од луѓето.

Жена која го поминала неделното утро на плажата со пријателите, вели дека виралното видео е добар пример за тоа зошто луѓето треба да го почитуваат просторот за живеење на морските лавови.

Share
Scroll to Top