(Видео) Насилни протести во Киев – демонстранти се обидоа да влезат во парламентот

пред 2 години

По протестот во Киев изби тепачка меѓу насобраните и полицијата. Неофицијално, има и загинати.

Претприемачите кои бараа даночни олеснувања се обидоа да влезат во зградата на Врховната Рада, демонстрантите шетаа по централните улици на градот. Меѓу нивните барања е и усвојување на предлог-законот за поедноставен систем на користење фискални каси и други олеснувања во даночниот законик.

Потоа демонстрантите се вратија во зградата на парламентот и продолжија со протестите. Група демонстранти потоа се обиде да влезе во зградата на парламентот. Поради тоа дошло до тепачка, а полицијата употребила солзавец и уапсила неколку учесници на собирот, меѓу кои и организаторите, кои на насобраните им се обратиле од бината.

Полицијата потоа ги оттурнала претприемачите од зградата на парламентот, но судирите продолжиле.

За време на судирите, демонстрантите палеле димни бомби и факели. Според непотврдени вести, еден демонстрант загинал во судир со полицијата.

Share
Scroll to Top