(Видео) Најмалку едно загинато лице а 20 повредени во пукање на автомобилски саем во Америка

пред 2 години

Најмалку едно лице загина, а 20 се повредени во пукање на автомобилски саем во југоисточниот дел на Арканзас, САД, соопшти локалната полиција.

Меѓу ранетите има и деца, но Кит Финч, началникот на полицијата во градот Думас каде се случи пукањето, изјави дека се уште не знаат колку деца се повредени.

Тој за новинарите изјави дека едно лице досега е во притвор, но може да има повеќе.

Саемот на автомобили е годишен настан во Думас што се одржува секоја пролет за да се соберат средства за стипендии и училишен прибор, според Младинската организација за зајакнување на соседството Делта, која го организираше настанот.

Валас Мекги, главниот организатор на саемот за автомобили, изрази сочувство до семејствата на жртвите и до заедницата.

„Тоа што се случи е голема трагедија. Саемот го организираме 16 години без никакви проблеми“, изјави Мекги за локалната телевизија.

Share
Scroll to Top