(Видео) Најмалку пет загинати и 41 исчезнат во пожар на траект кај индонезискиот остров Мадура

(Видео) Најмалку пет загинати и 41 исчезнат во пожар на траект кај индонезискиот остров Мадура

пред 6 часа

Најмалку пет лица загинаа, а по уште 41 се трага, откако утрово избувна пожар на траект во близина на индонезискиот остров Мадура, соопшти државната служба за пребарување и спасување.

Според официјалните информации, на траектот се наоѓале вкупно 271 лице, вклучувајќи патници и членови на екипажот.

Спасувачките служби досега евакуирале 225 лица, додека потрагата по исчезнатите продолжува.

Траектот пловел од градот Сурабаја, во покраината Источна Јава, кон градот Макасар, на островот Јужен Сулавеси.

Причината за пожарот засега не е позната, а надлежните институции спроведуваат истрага за утврдување на околностите под кои дошло до несреќата.

Пожарот избувнал во близина на островот Мадура, кој се наоѓа покрај североисточниот брег на островот Јава.

Текстот (Видео) Најмалку пет загинати и 41 исчезнат во пожар на траект кај индонезискиот остров Мадура е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top