(Видео) Најмалку тројца загинаа, а 13 се повредени по пад на дрон во руско летувалиште

(Видео) Најмалку тројца загинаа, а 13 се повредени по пад на дрон во руско летувалиште

пред 4 часа

Најмалку три лица загинаа, а 13 се повредени, меѓу кои и деца, по пад на остатоци од дрон во туристичкото место Архипо-Осиповка на руското црноморско крајбрежје, соопштија руските власти.

Регионалниот гувернер Венијамин Кондратјев изјави дека украински дронови нападнале цивилна инфраструктура, додека руските тврдења не можат независно да бидат потврдени.

Руските власти засега не потврдуваат дека дронот паднал директно меѓу капачите, туку наведуваат дека жртвите настрадале при пад на негови остатоци.

Во текот на ноќта во Геленџик беше прогласена опасност од напад со дронови, а руското Министерство за одбрана соопшти дека над повеќе руски региони, окупираниот Крим и Црното Море биле пресретнати или уништени 131 украински дронoви.

Текстот (Видео) Најмалку тројца загинаа, а 13 се повредени по пад на дрон во руско летувалиште е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top