(Видео) Најмалку 12 загинати во стампедо во храм во Индија

пред 2 години

Најмалку 12 аџии загинаа, а повеќе од десет се повредени во стампедо во хинду храм во индиски Кашмир во саботата наутро, соопшти полицијата.

„Дванаесет аџии загинаа, а 14 се повредени во стампедо рано изутрината во храмот Мата Ваишно Деви“, рече висок полициски службеник Мукеш Синг.

Сите повредени се хоспитализирани, додаде тој.

До стампедото дошло кога толпата луѓе кои дошле да го прослават доаѓањето на новата година влегле во светилиштето.

„Исклучително сум тажен поради загубата на животи во стампедо“, се вели во пораката со сочувство од премиерот Нарендра Моди.

Покрената е истрага за да се утврди како дошло до несреќата.

Share
Scroll to Top