(Видео) На камион му откажаа сопирачките и возачот возеше наназад 2 километри

пред 4 години

Видео снимка на која се гледа како камион на автопат во Анкара вози наназад откако му откажале сопирачките, го зема здивот на секого што ќе го види. Но за среќа, избегната е трагедија благодарение на присебноста на 61-годишниот возач, Касим Ајмерген.

Тој два километри возел наназад, внимавајќи да не се судри во никого.

Гледајќи преку ретровизорот, по 2 километри го совладал „разулавениот“ камион. Зборувајќи за турските медиуми по овој несекојдневен настан, Ајмерген рекол дека стравувал дека некој ќе настрада, но дека е пресреќен што никој не удрил.

„ Фала му на Господ што го сопрев возилото, а на никого не му наштетив“ рекол тој и додал дека после инцидентот заплакал, но од среќа, бидејќи се завршило добро.

Share
Scroll to Top