(Видео) Новинарката Роксана е пронајдена мртва речиси еден месец откако беше киднапирана

(Видео) Новинарката Роксана е пронајдена мртва речиси еден месец откако беше киднапирана

пред 6 часа

Новинарката Роксана Беренис Гузман Рамирез е пронајдена мртва речиси еден месец откако беше киднапирана во мексиканската држава Веракруз.

Нејзината приказна го обиколи светот бидејќи во моментот на киднапирањето успеала да сними дел од настанот со својот мобилен телефон, оставајќи потресен запис од последните моменти пред да исчезне.

Мексиканските власти објавија дека осум лица, меѓу кои и четворица полицајци, се уапсени во врска со случајот, под сомнение дека се поврзани со киднапирањето и убиството.

Истрагата е сè уште во тек, а случајот повторно го отвори прашањето за безбедноста на новинарите во Мексико, една од најопасните земји за практикување новинарство.

Текстот (Видео) Новинарката Роксана е пронајдена мртва речиси еден месец откако беше киднапирана е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top