(Видео) Новинарка го праша Путин зошто неговите противници се мртви или во затвор

пред 3 години

Претседателите Владимир Путин и Џо Бајден се состанаа вчера за прв пат откако Бајден застана на чело на САД.

Средбата се одржа во Женева, а по неа се одржа прес-конференција на која, во еден момент, Путин стана видливо иритиран од новинарско прашање во однос на справувањето со неговите политички противници.

„Ако вашите политички противници се мртви, во затвор, отруени, дали тоа не испраќа порака дека не сакате политички противници, од што се плашите?“, праша новинарка од американската телевизија „Еј-би-си“.

Путин започна да се повикува на немирите во Капитол на 6 јануари и рече дека Русија не сака таков вид хаос на нејзината територија.

„Луѓето се побунија и влегоа во Конгресот со политички барања. Ним им се закануваат затворски казни од 20 до 25 години… Зошто? Сè уште не знам. Сочувствуваме со она што се случува во САД, но не сакаме истото да се случи во Русија “, одговори Путин.

Состанокот меѓу двајцата претседателе траеше околу три часа, немаше заеднички ручек, а и прес-конференциите беа одвоени.

Share
Scroll to Top