(Видео) Новинар: Болсонаро рече дека тој е претседател на Бразил; Трамп: Не се мешам

(Видео) Новинар: Болсонаро рече дека тој е претседател на Бразил; Трамп: Не се мешам

пред 6 часа

Доналд Трамп изјави дека нема да се „меша“ во случајот со бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро, кој побегна во Соединетите Американски Држави и тврди дека тој е „вистинскиот претседател на Бразил“.

„Нема да се мешам“, рече американскиот претседател кога беше прашан за тие изјави.

„Тоа беа необични избори, тоа е сигурно“, додаде тој, коментирајќи го гласањето на кое победи актуелниот бразилски претседател Луис Инасио Лула да Силва.

„Мислам дека кон него и кон неговото семејство постапија многу неправедно“, додаде републиканскиот претседател, кој одговори на неколку прашања пред да замине на предизборен собир во американската сојузна држава Охајо.

Текстот (Видео) Новинар: Болсонаро рече дека тој е претседател на Бразил; Трамп: Не се мешам е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top