(Видео) Нови насилни протести во Холандија поради полицискиот час

пред 3 години

Холандската полиција уапси 70 лица откако избувнаа нови немири трета ноќ по ред за време на протестите за одлуката на владата за воведување полициски час. Сепак, причините за вандализмот виден од Ротердам до Амстердам веќе не се толку јасни, особено што демонстрантите се тинејџери, пренесува „Ројтерс“.

Полицијата во Ротердам дури испукала неколку предупредувачки истрели и употребила солзавец.

Немирите започнаа минатиот викенд кога луѓето излегоа на улиците во знак на протест против новите построги мерки во борбата против коронавирусот.

Началникот на полицијата Вилијам Велдерс изјави дека околу 70 лица биле уапсени синоќа до 22 часот, а водени топови биле користени против демонстрантите во Ротердам, додека солзавец бил употребен во Харлем за да се растера толпата.

Полицијата додаде дека напишале скоро 6.000 казни за кршење на забраната за движење во периодот од 21.00 до 4.30 часот.

Немирите на протестите од претходните денови во Холандија според многумина се најлошите сцени на насилство во таа земја во последните четири децении. Досега полицијата уапси околу 250 лица низ целата земја.

Share
Scroll to Top