(Видео) Нов напад на Киев, проектили го погодија поширокиот центар на градот

пред 4 години

Репортерка на „Скај њуз“, откако известуваше пред урната зграда во киевски Оболон, отиде до она, што како што кажа, се чини дека е ново место на руски напад.

Се работи за областа Куренивка, на три километри од Оболон.

„Се чини дека проектил погодил градски автобус. До него има оштетено такси. Ова е исто така густо населена област. Во моментот има четири возила на брзата помош на местото на настанот“, јави дописничката.

$bp(“Brid_47257325”, {“id”:”26456″,”width”:”800″,”height”:”400″,”video”:”972109″,”autoplay”:0,”shared”:true});

Локалните медиуми јавуваат дека едно лице загинало.

Улицата во која паднал проектилот се наоѓа на околу 6 километри воздушна линија од главниот плоштад во Киев.

Share
Scroll to Top