Поранешниот американски претседател Барак Обама им се придружи на европските лидери во чест на германската канцеларка во заминување Ангела Меркел, заблагодарувајќи и се што е „сидро во бројните бури“.
Во видео-пораката, прикажана на нејзиниот последен самит на ЕУ, Обама рече: „Вашите сакани луѓе и целиот свет ви должат голема благодарност што бевте светилник толку многу години“.
“Thanks to you, the centre has held through many storms.” @BarackObama addresses a few words to Chancellor Merkel as we are saying goodbye to her in the European Council #EUCO pic.twitter.com/FIUpCPkloW
— Charles Michel (@eucopresident) October 22, 2021
Поранешниот американски претседател особено ја пофали нејзината способност да ги стави принципите над себичните интереси, алудирајќи на нејзиниот релативно либерален став за време на големиот бегалски бран во 2015 година.
Тој ѝ се заблагодари на канцеларката за нејзината лојалност кон универзалните вредности што ги усвои како девојка во Источна Германија.
„Dankeschön“, кажа Обама.