(Видео) Објавена снимка од авионот непосредно пред падот, се слушаат молитвите на патниците

(Видео) Објавена снимка од авионот непосредно пред падот, се слушаат молитвите на патниците

пред 2 години

Триесет и осум лица загинаа денеска кога азербејџански патнички авион се урна во близина на Актау, Казахстан, изјави казахстанскиот вицепремиер Канат Алдабергенули Бозимбаев.

Бозимбаев зборуваше во интервју за казахстанската новинска агенција Тенгрињуз за време на состанокот со истражителите на местото на несреќата.

Тој рече дека преживеале 29 патници од авионот на Азербејџан ерлајнс, од кои некои се тешко повредени.

Видеата покажаа како авионот од Азербејџан се урнал од мала височина покрај брегот на Каспиското Езеро, не успевајќи да стигне до блискиот аеродром Актау.

Tengrinews објави видео од кабината каде што се гледа како горат маските за кислород, се слуша викање на патници и човек кој неколку пати извикувал „Алаху Акбар“ (Господ е најголем).

 

Текстот (Видео) Објавена снимка од авионот непосредно пред падот, се слушаат молитвите на патниците е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top