(Видео) Објавена снимка од моментот кога се сруши облакодерот во Флорида

пред 3 години

Репортерот на телевизијата „Фокс3, Енди Слејтер на „Твитер“ објави снимки од моментот кога се урна облакодерот во Сурфсајд, Флорида.

Судејќи според снимката, најпрво попушти средишниот дел на облакодерот, а девет секунди подоцна и задниот дел.

Облакодерот од 12 ката и 135 станови во градот Сурфсајд во близина на Мајами бич се урнал во текот на ноќта. Уништени се 55 станови. Досега е потврдена смртта на едно лице, а 35 се извлечени од урнатините.

Во тек е голема операција за спасување, која може да трае со денови.

Share
Scroll to Top