Војската на Израел објави снимка од камерата на еден од првите полицајци што пристигнал на местото на масакрот на фестивалот Супернова веднаш по упадот на Хамас на 7 октомври.
На видеото се гледа како тој набрзина се приближува до морничавото празно место каде неколку часа претходно се одржувал музички фестивал.
Полицаецот вика и прашува дали има повредени. Нема одговори.
Снимката потоа се замаглува додека полицаецот се приближува до бројните трупови. На видеото опишува што гледа, ги брои убиените и гласно прашува дали има живи.
$bp(“Brid_99366526”, {“id”:”26456″,”width”:”762″,”height”:”429″,”video”:”1465667″,”autoplay”:0,”shared”:true});
„Полицијата е тука. Има ли повредени? вика панично.
На фестивалот беа убиени над 300 луѓе.
Текстот (Видео) Објавена снимка од првиот полицаец кој дошол по масакрот на фестивалот по упадот на Хамас е превземен од МАКФАКС.