(Видео) Објавени снимки на кои се слушаат истрели: Русија вознемирена поради осмоодделенката која упадна со пиштол во училиште

(Видео) Објавени снимки на кои се слушаат истрели: Русија вознемирена поради осмоодделенката која упадна со пиштол во училиште

пред 5 месеци

Убиено е девојчето Марија Н., а уште пет лица се ранети во училиштето во Брјанск, Русија, кога утрово во одделението влегла Алина А., девојче од нивниот клас и почнала да пука.

По пукањето, осмоодделенката извршила самоубиство.

Сè се случило околу 9:15 часот по локално време.

Според медиумите, Алина влегла во училиштето и се качила на четвртиот кат во својата училница. Часот по биологија бил во тек, а Алина наводно ја отворила вратата и почнала да пука во соучениците.

„Една од жртвите веќе е оперирана“,  изјави за новинарите помошник-министерот за здравство на Руската Федерација Алексеј Кузњецов.

Кузњецов појасни дека лекарите состојбата на едно лице ја оценуваат како тешка, а четворица се во умерено тешка состојба.

Веднаш по пукањето сите ученици биле евакуирани од училиштето, а целата област била блокирана од полицијата.

Се уште не е познат мотивот за нападот, а се шпекулира дека девојчето му го одзело пиштолот од татко и.

Во меѓувреме, објавени се драматични снимки на кои се слушаат истрели.

Предупредуваме дека снимките на кои се слуша пукањето за некого можат да бидат вознемирувачки:

Текстот (Видео) Објавени снимки на кои се слушаат истрели: Русија вознемирена поради осмоодделенката која упадна со пиштол во училиште е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top