(Видео) Огнот се шири, нов пожар избувна во Грција: на сила строга забрана за жителите, голем број служби за итни случаи се борат со огнената стихија

(Видео) Огнот се шири, нов пожар избувна во Грција: на сила строга забрана за жителите, голем број служби за итни случаи се борат со огнената стихија

пред 7 часа

Пожарите се уште се активни во неколку области во Грција трет ден, а пожарот во јужниот дел на Ретимно на Крит им предизвикува најголеми проблеми на пожарникарите.

Екипите на терен се обидуваат да го локализираат главниот пожарен фронт во областа Агија Параскеви, додека нов пожар е регистриран во Аркадија. Пожарот на Парос повторно се активирал.

Според информациите од Координативниот центар, гаснењето на пожарот во Ретимно е отежнато од силните ветрови и непристапниот терен, што доведува до повторно ширење на пожарот на одредени локации.

Во областа на Ретимно, ангажирани се противпожарни екипи од различни делови на Крит, вклучувајќи пешадиски единици и членови на специјални противпожарни екипи. Во акцијата учествуваат и механизација од копно, цистерни за вода, градежни машини на локалните самоуправи, како и жители на погодените села и волонтери, објави „Прототема“.

Поради зголемениот ризик од нови пожари, властите привремено го ограничија сообраќајот и престојот на граѓаните во одредени шумски области на Патрас. Забраната важи од 21:00 до 06:00 часот и се однесува на неколку шумски патишта и заштитени зони. Исклучени се постојаните жители, вработените, сопствениците на земјиште, сточарите и луѓето што ги користат главните патни правци.

Нов пожар избувна во шумската област Фалаиси, во општината Мегалополис во Аркадија.

Според податоците на противпожарната служба, пожарот е пријавен околу 23.10 часот, а на терен се распоредени 48 пожарникари, три пешадиски единици и 12 противпожарни возила.

Текстот (Видео) Огнот се шири, нов пожар избувна во Грција: на сила строга забрана за жителите, голем број служби за итни случаи се борат со огнената стихија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top