(Видео) Огромен верижен судир на автопат во Војводина, најмалку еден загинат

пред 2 години

Едно лице загина, а неколку се повредени во верижен судир на триесетина возила на автопатот Нови Сад – Белград, што се случил утринава, јавува Радио телевизија Војводина.

До судирот дошло на околу километар од наплатната рампа „Стара Пазова“ во правец кон Белград поради, како што јави репортерот на РТВ, магла и слаба видливост на тој дел од автопатот.

Сообраќајот е целосно во прекин од правец на Нови Сад и пренасочен кај Инџија на стариот пат, па се создал голем сообраќаен метеж во местото Стара Пазова.

Фотографиите и снимките од местото на несреќата покажуваат искршени автомобили и камиони зад кои се формира километарска колона од застанати возила. На повредените им помогнале екипи на брзата помош и противпожарни служби испратени на местото на несреќата, а полицијата врши увид по затворањето на патот.

На местото на настанот се испратени бројни возила на брзата помош, а полицијата отвори истрага за несреќата.

Share
Scroll to Top