(Видео) Огромен пожар во зграда со странски работници во Кувајт, повеќе од 35 луѓе загинаа

(Видео) Огромен пожар во зграда со странски работници во Кувајт, повеќе од 35 луѓе загинаа

пред 1 година

Кувајтското Министерство за внатрешни работи соопшти дека повеќе од 35 луѓе загинале откако пожар ја зафатил зградата во која се сместени странски работници на југот на земјата.

Официјални лица изјавија дека причината за пожарот, во кој беа повредени повеќе од 30 лица, е под истрага. Според локалните медиуми, пожарот избувнал рано утринава и зафатил шесткатница полна со работници во квартот Мангаф.

„Зградата во која избувна пожарот се користеше за сместување работници, а таму имаше голем број“, изјави висок полициски функционер за државната телевизија. Корисниците на „Икс“ објавуваат дека загинале работници од Индија.

Десетици беа спасени, но за жал имаше многу загинати поради вдишување чад од пожарот. Државната новинска агенција КУНА објави дека пожарот е ставен под контрола и дека властите бараат докази за причината.

Текстот (Видео) Огромен пожар во зграда со странски работници во Кувајт, повеќе од 35 луѓе загинаа е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top