(Видео) Огромен руски конвој од тенкови се движи кон Киев, ЕУ праќа борбени авиони во Украина

пред 2 години

Денешни сателитски снимки објавени од американската приватна компанија „Максар технолоџис“ покажуваат големо групирање и движења на руските копнени сили со тенковски единици кон главниот град на Украина, Киев, на оддалеченост од околу 65 километри, пренесе „Ројтерс“.

Снимката од американската компанија покажува колона од стотици воени возила која се протега на над пет километри, наведува „Ројтерс“.

Рускиот воен конвој се наоѓа североисточно од украинскиот град Иванкив и вклучува резервоари за гориво, логистика и оклопни возила, тенкови, борбени возила на пешадијата и артилерија, се вели во соопштението на американската компанија.

Во меѓувреме шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, изјави дека ЕУ ќе испрати борбени авиони во Украина како дел од воената помош.

Тој нагласи дека Советот едногласно го подджал пакетот за поддршка на украинската воксла од 500 милиони евра, а Полска ќе биде центар за транспорт на вооружувањето за Украина.

Борел најави и дека со новите санкции ќе бидат замрзнати повеќе од половина резерви на Руската централна банка.

Share
Scroll to Top