(Видео) Огромна река кал носеше куќи во Јапонија, пронајдени се две жртви

пред 3 години

Две лица се пронајдени мртви, а се трага по 20 исчезнати откако утринава дојде до лизгање на земјиште во крајбрежен град југозападно од Токио.

Лизгањето на земјиштете во градот Атами беше предизвикано од силното невреме и дождот кои го зафатија регионот.

Полицијата и пожарникарите трагаат по исчезнатите. На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како река кал ги носи куќите и како луѓето бегаат во паника од природната катастрофа.

Врнежите кои го поплавиле градот го надминале просечното ниво за јули за префектурата Шизоука, каде се наоѓа Атами.

Share
Scroll to Top